Кога уметноста и добрината се спојуваат, се раѓаат моменти што оставаат трага.Ве покануваме на настан од хуманитарен карактер, каде сцената повторно ќе зборува со срце, а уметноста ќе служи на хуманоста. 📅 26.12.2025🕕 18:00 часот📍 Македонска филхармонија Да бидеме заедно таму каде што добрината е најубавата улога.
Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, придружена со емотивен видеоспот кој веќе го привлекува вниманието на публиката. „Нема жена како тебе“ е класична љубовна песна која говори за безусловна љубов, посветеност и благодарност кон жената што го менува животот. Со искрен и топол текст, песната ...
Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев. Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ...
Одбројувањето до првиот солистички концерт насловен „Бесмртна“ влегува во својата највозбудлива фаза, а Бојана Скендеровски ја изненадува публиката со сосема нова песна – „Нема, нема“, која уште со првото слушање внесува свежина и современ дух во нејзиниот репертоар. Последниве недели Бојана живее во ритамот на подготовките за големата вечер – ...
Милениците на женската публика, дуото Дац и Александар, на 6 и 7 март 2026 година, по повод празникот на жената 8 Март, на големата сцена на Македонскиот Народен Театар подготвуваат музичко шоу „Дац и Александар – Дамите бираат“. МНТ ќе биде домаќин на овој проект што ги спојува минатото и сегашноста, силата и нежноста, уметноста и емоцијата, ...
Македонската пејачка и авторка Сара Мејс ја објави својата нова празнична песна „Нека Трепка“, во изведба на вокалниот квартет Sarah Mace and The Girlzz, кој го сочинуваат Сара Мејс, Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова. Песната ја носи топлината и празничната магија на декември, музиката и текстот се дело ...
Влатко Стефановски, еден од најценетите гитарски виртуози на овие простори, стои зад сите инструментални верзии на песните од големиот проект Hitmaker – Ѓорѓе Новковиќ, кои се веќе достапни како ново дигитално издание на Croatia Records, најголемата дискографска куќа во регионот. Станува збор за целосна колекција од десет безвременски хитови во целосно инструментално руво, отсвирени во препознатливиот, емотивен ...
Ја знаеме како Ивана „Tap 011“ и „Negativ“, а сега се претставува онаква каква што навистина е: Ивана Петерс пред публиката со нови песни. Постојат гласови што не се слушаат само со ушите, туку со целото битие. Гласови што носат боја, емоција и длабочина, гласови што знаат да те подигнат, ...
Поп-пејачката Марија Данева и бендот „Стенд бај“ снимија дует со Ѓоко Танески насловен „Во твои раце“. Музиката ја напиша Сашо Стојановски, текстот е на Весна Малинова, а аранжманот и мастерингот ги направи Иван Петровски. „Песната како за мене да е напишана. Многу ми е драго што ни се погоди од ...
Вечер посветена на изворната музика, епското слово и живата традиција.Дуото „Белден“, заедно со гостинката Лена Димовска на 29 ноември (сабота) 19:00 часот ќе донесат автентичен звук, изворни мелодии и силна, чиста емоција – како што се предавале од генерација на генерација. Специјален гостин: Мартин Митревски (тарабука).Дуото „Белден“ е оформено во ...
Дани Димитровска го претстави својот најнов сингл „Заедно“ – нумера што ја отвора темата за промената, за довербата и за силата на заедништвото. Песната носи јасна порака дека секој почеток е можен тогаш кога ќе собереме храброст да веруваме и во себе, и едни во други. Со топла емоција и ...
Хрватската рок легенда Дадо Топиќ го објави новиот студиски албум под наслов „Поново на цести“, кој содржи десет песни и од сега е достапен и на CD. Албумот претставува спој на врвна авторска екипа и богата продукција. За најголемиот дел од музиката е заслужен Брано Ликиќ, кој воедно е и ...