Прескокни до содржина
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Сите новости· Музички вести

Jimmy Roggers со нова музичка приказна – RIVER RADIKA

River Radika е песна која носи емоција, мелодика, носталгија и блуз – музичко патување низ спомените, корените и љубовта кон Македонија. Автор и изведувач на песната е Jimmy Laci Roggers, кој преку оваа композиција сака да остави убави ноти и музичка приказна на македонски јазик, но и да ја претстави ...

Редакција на Буба Мара
20 јули 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
Jimmy Roggers со нова музичка приказна – RIVER RADIKA

River Radika е песна која носи емоција, мелодика, носталгија и блуз – музичко патување низ спомените, корените и љубовта кон Македонија.

Автор и изведувач на песната е Jimmy Laci Roggers, кој преку оваа композиција сака да остави убави ноти и музичка приказна на македонски јазик, но и да ја претстави убавината на својата земја пред слушателите ширум светот.

Како Македонец, Австриец и интернационален музичар, Jimmy во својата музика ги спојува различните култури, но ја носи Македонија во себе – нејзините пејзажи, чувства и приказни.

Во создавањето на „River / Река Радика“ учествуваат Markus Peitli (фретлес бас), Filip Brezovsek (кларинет), Bozo Panic (тапани и перкусии) и Charly Pauser (гудачки и клавијатури), а аранжманот е дело на Jimmy Laci Roggers, Bozo Panic и Charly Pauser.

Песната „River / Река Радика“ веќе е Бубамара Хит!

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Апликација