Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
105.2 FM · ЗА НАС · ОД 1994

30 години добриот дух во етерот.

Во Радио Буба Мара работат 10 луѓе или двојно повеќе од оние кои се радуваат на резултатите од квалитетот на воздухот во Скопје.

Формирана во април 1994 година, Радио Буба Мара за кратко време стана една од најслушаните радио-станици во Скопје. Граѓаните уште од 1994 година се принудени да ја слушаат само фреквенцијата на Буба Мара.

Тајната на огромниот успех е во ангажирањето на цела армија лобисти, инспектори, партиски војници, пајак служба и други слободоумни фактори кои ги притискаа граѓаните да ја меморираат единствено фреквенцијата 105,2 FM и да слушаат колку што можат повеќе.

(Сообраќајната полиција, на пример, при рутински контроли, пред да побара возачка дозвола најпрвин проверува дали радиото во автомобилот е наместено на најдобрата фреквенција, а кога сообраќаецот е задоволен од резултатот, завршуваат другите проверки.)

Со тек на времето граѓаните со мал отпор го прифаќаа овој притисок, кој за разлика од другите секојдневни политички, економски и медиумски притисоци, го сметаат за задоволство. Ретките примероци кои не се согласуваа да слушаат Буба Мара, експресно и во голем број беа испраќани на работа или студирање во странство — од каде беа принудени да слушаат преку интернет.

Приказната продолжува на 105.2. До слушање…

30
години во етерот
1994
основана
10
луѓе во тимот
· МЕДИУМСКИ РЕЈТИНГ

Убедливо најслушано радио

Неделен досег на радио станиците што емитуваат на регионално ниво

„Кои други радио станици ги слушате?“ — регионални радио станици, повеќе одговори; N = 387, испитаници од Скопскиот регион.

Бубамара
19,4%
Скај
8,3%
Сити радио
7,5%
Фортуна
5,9%
Лајф
5,9%
Зона М1
5,7%
Спортско радио
4,7%
Лидер
4,7%
Клуб ФМ
2,6%
Радио 99
2,3%
Радиоват
2,1%
Урбан ФМ
1,8%
Џез ФМ
1,0%
РФМ
0,3%
0%5%10%15%20%25%
Извор Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)
Оригинален документ: неделен досег на регионалните радио станици (Market Vision)
· ТИМОТ

Луѓето зад микрофонот

РП
Ранко Петровиќ
Главен и одговорен уредник · Музички уредник · Маркетинг
НС
Надица Спасовска
Водител на утринска програма
ЈФ
Јасна Франговска
Уредник и водител на попладневна програма
ВТ
Ванчо Тренчевски
Техничка реализација
ДТ
Дејан Тренчевски
Техничка реализација
ЉО
Љубомир Ошавковски
Техничка реализација
· ПОКРИЕНОСТ

Каде нѐ слушате

На FM низ Пелагонија и Скопскиот регион, и online насекаде во светот.

105.2
Скопје
FM · ГЛАВНА
100.5
Прилеп
FM
105.3
Штип
FM
radiobubamara.mk
ONLINE · 24/7
Адреса
Партизански Одреди бр. 62,
ламела Ц, мезанин, влез 1 · 1000 Скопје
Е-пошта
press@bubamara.com.mk
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Апликација