Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Нова песна, нови ‘Идеали’ – Викторија Ефтимова

Младата кантавторка Викторија Ефтимова (21) го објави својот десетти сингл „Идеали“, таа е комплетен автор – текст, музика и аранжман. Викторија е креативна во секој дел од денот, а инспирација за мелодијата и текстот ѝ се секојдневни случки и луѓето околу неа. Таа е искусна и во класичната музика – ...

Редакција на Буба Мара
3 април 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
Нова песна, нови ‘Идеали’ – Викторија Ефтимова

Младата кантавторка Викторија Ефтимова (21) го објави својот десетти сингл „Идеали“, таа е комплетен автор – текст, музика и аранжман.

Викторија е креативна во секој дел од денот, а инспирација за мелодијата и текстот ѝ се секојдневни случки и луѓето околу неа. Таа е искусна и во класичната музика – студира соло пеење на Факултетот за музичка уметност во класата на Весна Ѓиновска-Илкова.

Викторија досега има напишано 214 песни, многу од нив сè уште неиздадени. Новиот сингл ќе биде дел од нејзиниот албум кој треба да излезе до крајот на годината.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Апликација