Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

„Љубојна“ ја освои публиката со новиот сингл „Врати ми ја Тишината“ во дует со Бранислав Николов

„Врати ми ја тишината“ е новиот сингл на групата „Љубојна“, која годинава слави 25 години постоење. Песната беше промовирана во живо на славеничкиот концерт на 29 март во Филхармонија. Гостин во синглот е Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“. „‘Врати ми ја тишината’ е инспирирана од музичката тема ‘Танго за тројца’, ...

Редакција на Буба Мара
2 април 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
„Љубојна“ ја освои публиката со новиот сингл „Врати ми ја Тишината“ во дует со Бранислав Николов

„Врати ми ја тишината“ е новиот сингл на групата „Љубојна“, која годинава слави 25 години постоење. Песната беше промовирана во живо на славеничкиот концерт на 29 март во Филхармонија. Гостин во синглот е Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“.

„‘Врати ми ја тишината’ е инспирирана од музичката тема ‘Танго за тројца’, во соработка и дружба со ‘Фолтин’“, велат од „Љубојна“.

Спотот е документиран на сесиите во студиото „Вејв“ и во Театар Комедија.

Музиката и аранжманот се на Оливер Јосифовски, текстот е на Сашо Димоски, а вокалната изведба е дует на Вера Милошевска-Јосифовска и Бранислав Николов.

https://www.youtube.com/watch?v=m2JcJEP3wIM

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара