Македонскиот виртуоз на гитара Влатко Стефановски прослави 50 години кариера со одличен тричасовен концерт во преполниот „Сава центар“ во Белград каде гости му беа музичарите Мирослав Тадиќ и Златан Стипишиќ Џибони. „Искрено ви благодарам што го наполнивте „Сава центар“ и што ме поддржувате повеќе од 50 години“, рече Стефановски, откако ...
Познатиот македонски композитор Александар Јовевски го промовираше новиот спот изработен за композицијата „Игра на инструментите“ чиј композитор и аранжер е тој. Оваа композиција е дел од неговиот албум „Од колено на колено“. Настапуваат Александар Јовевски на пијано, кавал и тамбура, Горан Гешовски на бас, Ратко Даутовски-перкусии. Проектот е поддржан од ...
Македонските рап легенди Слаткар и Тони Зен повторно ја разбудија музичката сцена со нивниот најнов проект – песната „Жими сè“, која во придружба со визуелно впечатлив видеозапис, навести дека овој тандем нема намера да застане. По успехот на „Милион лета“, ова ново издание е свежа потврда на нивната креативност и ...
Музичкиот и мултимедијален уметник Лазар Аврамовски деновиве го објави своето најново музичко и видео дело. Овој пат тој ја обработи „Седна баба да вечера“. „Во овој аранжман сакав да ја доближам младата публика до изворните народни песни преку диско-фанк-соул реаранжман“, напиша во промотивните материјали за аранжманот и видеото Аврамовски. Главни ...
Горан Таневски по објавувањето на сингловите „Wish a man“ и „Среќен ден“ го објави албумот „Ascend“, кој е достапен на стрим сервисите. „Ascend“ е првиот албум од трилогијата „Среќен сум дури и без себе“ поделен во три фази од животот на авторот. На албумот, покрај двата објавени синглови, има уште ...
Легендарниот Здравко Чолиќ, една од најголемите музички ѕвезди на сите времиња на нашите простори, по 6 години ќе се врати во Скопје на 18 март 2025 година, во Арена Борис Трајковски. Овој пат, тој пристигнува со дури 50 врвни музичари, големите инструментални солисти на новосадскиот Биг бенд и оркестарот на ...
Билјана Крстиќ, пејачка, композиторка, истражувачка на музичката традиција на регионот и своевиден музички археолог од студиото на 105,2 најави дека следната година ќе одбележи 50 години на музичката сцена и 25 години на оркестарот „Бистрик“, со кој успешно работи на спојот на традиционалната музика и модерните аранжмани. Во сите овие ...
Македонскиот кантавтор и мултиинструменталист, Иван Кукиќ, го промовираше деби-албумот „Sunday vibes“. Албумот го издава „Кроација-рекордс“ и има десет песни, од кои две се веќе промовирани како синглови: „Балада за една љубов“ и „Друмови“. Иван е автор на најголемиот дел од материјалот на албумот, на кој има и интересни соработки. Едната ...
Возбудата на Влатко Стефановски и неговото трио околу октомвриската сесија во лондонското Еби Роуд студио е разбирлива за сите што ги паметат почетоците на рок-музиката и на топ листите. Отворено за прв пат во 1931 година. Студиото Еби Роуд е првото наменски изградено студио за снимање музика, кое многу бргу ...
Објавена е обработката на култната „While My Guitar Gently Weeps“ на Битлси што гитаристот Влатко Стефановски ја сними во легендарното Еби Роуд студио во Лондон за време на неговата овогодишна октомвриска сесија. „While My Guitar Gently Weeps“ на George Harrison од легендарниот двоен „бел“ албум на Битлси, koja од денес ...
Слушнете ја „Лакмус“, новата песна од успешната соработка меѓу Тања и Харе. Музиката и текстот се на Игор Атанасоски – Харе, аражманот е на Дамир Имери, а музички продуцент е Мите Димовски. – „Лакмус“ ја создадов пред десет години и ете го чекаше трпеливо своето време, да се најде во ...
Скопје се буди! Урбаната сцена повторно ќе пулсира со енергијата на двајца од највлијателните артисти на македонскиот хип-хоп, Тони Зен и Слаткаристика. Два гласа, две приказни, две икони – повторно заедно на иста сцена и заеднички концерт на 5 април во арена „Борис Трајковски“ за спектаклот „Спушти се доле“. Тони ...