Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Почина Аљоша Исмаиловски – Аљо, врвниот басист на „Лева патика“

Замина уште една урбана скопска, но и македонска музичка легенда. Почина Аљоша Исмаиловски Аљо, врвен македонски музичар, кого јавноста најмногу го паметеше како басист на култната група „Лева патика“. Животот го продолжи со проектите за внатрешен дизајн за кои беше исклучително баран. „Лева Патика“ се прослави со единствениот албум „Патика“ ...

Редакција на Буба Мара
25 февруари 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
Почина Аљоша Исмаиловски – Аљо, врвниот басист на „Лева патика“

Замина уште една урбана скопска, но и македонска музичка легенда. Почина Аљоша Исмаиловски Аљо, врвен македонски музичар, кого јавноста најмногу го паметеше како басист на култната група „Лева патика“. Животот го продолжи со проектите за внатрешен дизајн за кои беше исклучително баран.

„Лева Патика“ се прослави со единствениот албум „Патика“ и песната Неправда, која стана антологиски хит. Албумот кој содржи десетина песни е издаден од загрепската куќа Сузи и е во продукција на Питер Мак Тагарт и Љубомир Бранѓолица.

Збогувањето со оваа урбана музичка легенда ќе се одржи денеска, вторник, 25 февруари 2025 година, во 14:00 часот, во Капела бр. 1 на градските гробишта Бутел – Скопје.

„Почивај во мир, Аљо…”, напиша неговата сопруга Елена во емотивна објава на Фејсбук.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара