Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Првиот концерт на Влатко Стефановски распродаден, отворен нов датум!

Kонцертот на легендарниот гитаристички виртуоз Влатко Стефановски, закажан на 9. Мај во Македонската Филхармонија е рапродаден. Поради големиот интерес, пуштен е дополнителен термин на 10. Мај 2025 година, исто така во Македонската Филхармонија со почеток во 20.00 часот. Со овие концерти Влатко Стефановски и неговите гости ќе го одбележат импресивниот ...

Редакција на Буба Мара
7 март 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
Првиот концерт на Влатко Стефановски распродаден, отворен нов датум!

Kонцертот на легендарниот гитаристички виртуоз Влатко Стефановски, закажан на 9.
Мај во Македонската Филхармонија е рапродаден. Поради големиот интерес, пуштен е
дополнителен термин на 10. Мај 2025 година, исто така во Македонската Филхармонија
со почеток во 20.00 часот.

Со овие концерти Влатко Стефановски и неговите гости ќе го одбележат
импресивниот јубилеј – 50 години на музичката сцена. Концертите ќе претставуваат
пресек на неговата извонредна кариера – од деновите со култната група “Леб и сол” па
се до неговата успешна соло кариера. Препознатливиот спој на инструментален рок,
етно џез, блуз и македонска традиционална музика, ќе добие нова димензија со
посебни гости, кои ќе му се придружат на сцената во овие незаборавни вечери и ќе
изведат хитови како “Чукни во дрво”, “Gipsy Song”, “Чувам ноч од будних”, “Као Какао”,
“Македонско девојче” и многу други.


Пред кратко време В.Стефановски во легендарното Abbey Road Studiju 3 во Лондон, го
сними албумот “London Sessions”, кој претставува врвна соработка на врвни музичари.
На албумот се и неговиот син, Јан Стефановски на тапани, како и Тихомир Хојсак на
електричен контрабас. Снимањето и продукцијата ги водеше Горан Мартинац, со
асицтенција на Ед Фарел и Леа Морис, додека “lacquer cut” на албумот во лондонското
Abbey Road Studios го режеше Sean Magee, добитник на наградата Grammy за “Mono
Box Set” од Beatles.

Новиот албум “London Sessions” е достапен и на трикратен ЛП формат.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара