Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Во сабота ѕвездите ќе пеат за Тоше во Крушево!

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески во Градскиот парк во Крушево. Концертот ќе биде со почеток од 18 часот. Присутните ќе имаат можност да ги чујат најголемите хитови на Тоше во изведба на Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан ...

Редакција на Буба Мара
3 октомври 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Во сабота ѕвездите ќе пеат за Тоше во Крушево!

Во сабота (5 октомври) ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески во Градскиот парк во Крушево. Концертот ќе биде со почеток од 18 часот.

Присутните ќе имаат можност да ги чујат најголемите хитови на Тоше во изведба на Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Нашиот никогаш непрежален Тоше Проески го одржа својот последен концерт на 5 октомври 2007 година, 11 дена пред трагично да го   загуби животот во сообраќајна несреќа во Хрватска, а годинава се навршуваат 17 години од неговиот последен концерт.

Од 2008, на овој ден се одржува настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ со концерти, крводарителски акции и собир на фановите на Тоше.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара