Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

„Тажен крај“ – Артист Бенд со нова емотивна приказна и видеоспот

По серијата успешни песни „Ѕвездо моја“, „После тебе“ и „Моја посебна“, Артист Бенд продолжуваат со нова песна на македонската музичка сцена. Тие го промовираа својот четврти сингл – „Тажен крај“, кој доаѓа и со впечатлив видеоспот. Зад реализацијата на овој музички проект стои докажан тим соработници: Александар Јовевски – музика ...

Редакција на Буба Мара
21 април 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
„Тажен крај“ – Артист Бенд со нова емотивна приказна и видеоспот

По серијата успешни песни „Ѕвездо моја“, „После тебе“ и „Моја посебна“, Артист Бенд продолжуваат со нова песна на македонската музичка сцена. Тие го промовираа својот четврти сингл – „Тажен крај“, кој доаѓа и со впечатлив видеоспот.

Зад реализацијата на овој музички проект стои докажан тим соработници: Александар Јовевски – музика и аранжман, Марија Спасовска – текст и Студио „Подрумот“ – аудиопродукција.

„Тажен крај“ е песна што не се слуша само – туку се чувствува.

Визуелната приказна која перфектно го надополнува меланхоличниот звук е во режија на Томислав Живковиќ, кој воедно е потпишан и како снимател на видеоспотот. 

https://www.youtube.com/watch?v=Vt5-pGFcqtQ

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара