Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Тамара: Нов албум во мај и спектакуларен концерт на 3 октомври

Со задоволство ја најавуваме новата музичка ера на Тамара Тодевска, која започнува со издавање на новиот студиски албум „Кукла жива“ во текот на мај, а ќе продолжи со голем солистички концерт во Скопје, со кој ќе одбележи и 25 години успешна музичка кариера. Албумот содржи 11 нови песни создадени во ...

Редакција на Буба Мара
17 април 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
Тамара: Нов албум во мај и спектакуларен концерт на 3 октомври

Со задоволство ја најавуваме новата музичка ера на Тамара Тодевска, која започнува со издавање на новиот студиски албум „Кукла жива“ во текот на мај, а ќе продолжи со голем солистички концерт во Скопје, со кој ќе одбележи и 25 години успешна музичка кариера.

Edited in Tezza with: BW, Brightness, Paper 17, Dust 9, Contrast, Highlights, Exposure, & Fling 35

Албумот содржи 11 нови песни создадени во соработка со Коста Петров, со аранжмани на Емин Џијан и снимен во The Basement Recording Studio. Станува збор за музички проект исполнет со емоции, искреност и лични приказни, кои ја отсликуваат нејзината уметничка и животна трансформација во изминатиот период.

По објавувањето на албумот, публиката ќе има можност да ги доживее новите песни во живо на големиот солистички концерт закажан за 3 октомври во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток во 20:00 часот. Вечерта ќе биде спој од новиот звук и препознатливите хитови, во еден голем музички настан кој ветува силни емоции, енергија и блиска средба со публиката.

Картите за концертот се веќе во продажба преку платформата Way In: https://shorturl.at/Ff0X4. Како што најавува самата Тамара, овој проект не претставува почеток од нула, туку продолжение на нејзиниот уметнички пат – посветен, свесен и искрен, со нова енергија и ново поглавје во нејзината кариера.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара