„Лавиринт“ е новата песна на Тамара и Игор Џамбазов
Тамара Тодевска ја сними новата песна „Лавиринт“, во која соработува со Игор Џамбазов и Роберт Билбилов. Џамбазов е автор на текстот, а Билбилов на музиката и на аранжманот. „Оваа песна е напишана пред неколку години, а Тамара веројатно ја чувала за некој вистински момент како овој“, ни рече Џамбазов, кој заедно ...
Тамара Тодевска ја сними новата песна „Лавиринт“, во која соработува со Игор Џамбазов и Роберт Билбилов. Џамбазов е автор на текстот, а Билбилов на музиката и на аранжманот.
„Оваа песна е напишана пред неколку години, а Тамара веројатно ја чувала за некој вистински момент како овој“, ни рече Џамбазов, кој заедно со Билбилов е автор и на еден од најголемите хитови на Тодевска, „Тажна љубов, среќна песна“.
Спотот е весел, снимен низ скопските улици, а во него учествува речиси пола домашна естрада.

Спотот започнува со видеоразговор помеѓу Игор Џамбазов и Тијана Дапчевиќ
Спотот е во режија и продукција на Зоран Зонде Стојановски, а го снимаше Кристијан Теодоров. Во спотот глумат музичари, продуценти, диџеи, водители, модели, актери, како и пријатели, соработници и дел од семејството на Тамара Тодевска. Започнува со дијалог помеѓу Игор Џамбазов и Тијана Дапчевиќ, сестрата на Тамара.