Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Слушнете ја новата верзија на „Новогодишна општонародна“ на К-15

Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, а на социјалните мрежи напишаа: „Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема ...

Редакција на Буба Мара
30 декември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Слушнете ја новата верзија на „Новогодишна општонародна“ на К-15

Легендарните Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Бубо Каров од хумористичната емисија „К-15“ снимија нова верзија на нивниот музички хит „Новогодишна општонародна“, а на социјалните мрежи напишаа:

„Другари и другарки, Ви посакуваме среќни празници, многу здравје и љубов, со надеж дека животите ќе ни станат подосадни, а нашите скечеви веќе нема да се толку реални… Благодарност за целата поддршка и љубов низ сите невремиња“.

Аранжманот е дело на Александар Митевски, а спотот е во режија на Жарко Димитриоски.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара