Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

“Sećanje na april“ – нова песна на Мартинијан Кириловски инспирирана од безвременската емоција на „April u Beogradu“

Музиката и текстот се дело на Митко Чешларов, додека аранжманот го потпишува Ангел Ќосев. Заедно создаваат композиција што зборува за љубовта, времето и спомените што остануваат, теми што лесно се препознаваат, но ретко се пренесуваат со ваква едноставност и искреност. Интерпретацијата на Кириловски е моќна и емотивна, со природен тек ...

Редакција на Буба Мара
9 април 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
“Sećanje na april“ – нова песна на Мартинијан Кириловски инспирирана од безвременската емоција на „April u Beogradu“

Музиката и текстот се дело на Митко Чешларов, додека аранжманот го потпишува Ангел Ќосев. Заедно создаваат композиција што зборува за љубовта, времето и спомените што остануваат, теми што лесно се препознаваат, но ретко се пренесуваат со ваква едноставност и искреност.

Интерпретацијата на Кириловски е моќна и емотивна, со природен тек што ѝ дозволува на песната да „дише“ и постепено да ја гради атмосферата.

Во рамки на проектот е реализиран и видео запис во режија на Алек Тасевски, во кој како модел се појавува Лара Денковиќ. Видеото ја следи естетиката на песната – минималистичка, но визуелно впечатлива, со акцент на емоцијата и приказната.

„Sećanje na april“ не се обидува да го повтори минатото, туку го продолжува чувството што музиката го остава низ времето.

Мартинијан Кириловски објави нова песна „Sećanje na april“ – современа музичка приказна инспирирана од емоцијата на култната „April u Beogradu“ на Здравко Чолиќ, една од најзначајните композиции поврзани со фестивалот Beogradsko prolece.

Станува збор за песна што носи препознатлива носталгија, но во исто време звучи свежо и актуелно, градејќи сопствен израз без директна споредба со оригиналот што ја инспирирал.

„Sećanje na april“ првично беше подготвена за учество на фестивалското издание во 2026 година, но по одлуката јубилејното, 65-то издание на Beogradsko proleće да се реализира во ревијален формат, без натпреварувачки дел, авторскиот тим одлучи песната да ја објави како самостоен проект, во чест на големиот јубилеј.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Апликација