Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – спој што создава уметност: „Понеделнички“ како нова музичка приказна
„Понеделнички“ – нова музичко-визуелна приказна што носи силна енергија и уметнички пристап. Проектот ги спојува Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – младост и искуство во една заедничка креативна визија, поврзани преку истата идеја: да се создаде повеќе од песна со видео запис – да се создаде вистинско парче уметност. Зад ...

„Понеделнички“ – нова музичко-визуелна приказна што носи силна енергија и уметнички пристап.
Проектот ги спојува Дарко Гроздановски и Игор Џамбазов – младост и искуство во една заедничка креативна визија, поврзани преку истата идеја: да се создаде повеќе од песна со видео запис – да се создаде вистинско парче уметност.

Screenshot
Зад целиот проект стои продукцијата „Fresh Union“, предводена од Васко Павлевски, кој го обедини тимот од врвни професионалци: Мите Димовски задолжен за аудио продукцијата, Огнен Шапковски како автор на визуелниот дел и сценариото, како и Моника Црнокрак во улога на шанкерка – лик кој станува централна точка во приказната и љубовниот заплет со ликот на Дарко Гроздановски.

Screenshot
Во приказната се појавува и Игор Џамбазов, кој ја игра улогата на татко на шанкерката и сопственик на локалот, поставувајќи го драмскиот конфликт меѓу него и ликот на Дарко. Џамбазов, инаку автор на бројни безвременски хитови, е и автор на „Понеделнички“.

Screenshot
По пауза од три години без авторско издание, Дарко Гроздановски се враќа на сцената со нова песна, во ново и значително поквалитетно издание, создадено врз темели на современа, но и препознатлива македонска музичка естетика.
Како што вели Џамбазов: „Сакам сите денови да се понеделници“.
Уживајте во приказната.
