Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

ПОЧИНА СРПСКАТА РОК-ПЕЈАЧКА СЛАЃАНА МИЛОШЕВИЌ

На 69 години, денеска во Белград почина српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, потврди за агенцијата ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ. Милошевиќ почина во Болницата во Земун по кусо боледување. Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот ...

Редакција на Буба Мара
26 март 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
ПОЧИНА СРПСКАТА РОК-ПЕЈАЧКА СЛАЃАНА МИЛОШЕВИЌ

На 69 години, денеска во Белград почина српската авангардна уметница и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ, потврди за агенцијата ФоНет нејзината пријателка Билјана Петровиќ.

Милошевиќ почина во Болницата во Земун по кусо боледување.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од 1980-тите во Југославија.

Милошевиќ дебитира на југословенската 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имала првиот голем настап на концертот кај Хајдучка чешма во Белград, каде што пеела пред бендот „Бијело Дугме“. Еден од нејзините најголеми хитови е дуетот со Дадо Топиќ, „Принцеза“.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара