Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Објавен е спотот на Миа Димшиќ сниман во Скопје: „Одлично се забавував, Македонците се прекрасни“

Објавен е спотот за песната „Društvena pravila”, кој Миа Димшиќ и Влатко Стефановски пред 10-ина дена го снимија во Скопје. Во спотот за песната, во која Миа Димшиќ го критикува општеството и нормите со кои сме соочени, Скопје „игра“ со својот барокен центар, резултат на политичко –архитектонската егзибиција „Скопје 2014“. ...

Редакција на Буба Мара
30 октомври 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Објавен е  спотот на Миа Димшиќ сниман во Скопје: „Одлично се забавував, Македонците се прекрасни“

Објавен е спотот за песната „Društvena pravila”, кој Миа Димшиќ и Влатко Стефановски пред 10-ина дена го снимија во Скопје. Во спотот за песната, во која Миа Димшиќ го критикува општеството и нормите со кои сме соочени, Скопје „игра“ со својот барокен центар, резултат на политичко –архитектонската егзибиција „Скопје 2014“.

-Снимањето на спотот во Скопје беше можност да го запознаам градот. Пред се, добро се забавував. Со екипата во која камерман беше Алексндар Ристовски го минавме градот вдолж и попреку, а го посетивме и студиото на Влатко СТефановски, кој се појавува во финалето на спотот. Македонците се прекрасни луѓе и искрено се надевам дека во иднина ќе имам повеќе можности за посета на Македонија – вели Миа Димшиќ.

За време на престојот во Скопје, таа го посети и студиото на Бубамара и беше гостинка на нашата програма.

-Горда сум на песната „Društvena pravila” и се надевам дека овој спот ќе и даде дополнителна димензија – вели Миа.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара