Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

„Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ – нови поетски изданија на Тихомир Јанчовски

Во сабота, 18 октомври, во Цреша Бар ќе се одржи промоција на последните две книги поезија од Тихомир Јанчовски. Станува збор за „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“. Промотор: Дарко ЛешоскиСтихови ќе читаат: Авторот (Тихомир Јанчовски)и Братот (Зоран Тортевски) Промоцијата ќе биде со почеток од 12 ...

Редакција на Буба Мара
15 октомври 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
„Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“ – нови поетски изданија на Тихомир Јанчовски

Во сабота, 18 октомври, во Цреша Бар ќе се одржи промоција на последните две книги поезија од Тихомир Јанчовски.

Станува збор за „Пристоен предлог и други песни“ и „Пеколот е мало место“.

Промотор: Дарко Лешоски
Стихови ќе читаат: Авторот (Тихомир Јанчовски)
и Братот (Зоран Тортевски)

Промоцијата ќе биде со почеток од 12 часот.

„Тихомир Јанчовски оваа година ни предлага нов поетски ракопис со наслов „Пеколот е мало место“, којшто на интересен начин се надоврзува на неговиот претходен поетски опус. За потсетување, македонскиот поет, професор, преведувач и колумнист Тихомир Јанчовски завршил општа и компаративна книжевност на УКИМ; има објавено петнаесет книги поезија, три романи, две книги за деца и една книга колумни. Поезијата му е досега преведена на 16 јазици и е објавувана во разни литературни списанија и во засебни книги. Бил учесник на бројни поетски фестивали и е застапен во многу антологии на македонската и светската поезија. Како преведувач, работел на дела од светски автори, вклучувајќи класици и современи текстови.

Збирката поезија „Пеколот е мало место“ од Тихомир Јанчовски претставува општествена критика, егзистенцијална размисла како и нуркање и истражување на човековите емоции. Секоја песна одекнува со чувство на итност и длабока интроспекција од страна на поетот, одразувајќи ја сложеноста на човековата состојба во свет полн со очај и разочарување…“

Од поговорот на Душко Крстевски

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара