Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Македонската филхармонија на 27 октомври!

Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ ќе го одржи својот единствен концерт во Скопје по шестгодишна пауза. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонијата на 27 октомври со почеток во 20 часот. Бадриќ својот прв солистички концерт во Македонија го имаше во јуни 2018 година во истата сала. А претходно во 2011 ...

Редакција на Буба Мара
12 септември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Нина Бадриќ ќе одржи концерт во Македонската филхармонија на 27 октомври!

Хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ ќе го одржи својот единствен концерт во Скопје по шестгодишна пауза. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонијата на 27 октомври со почеток во 20 часот.

Бадриќ својот прв солистички концерт во Македонија го имаше во јуни 2018 година во истата сала. А претходно во 2011 година соработуваше со Браќата Тавитјан на албумот „Македонското срце чука во 7/8“ со преработката на „Не кажувај либе добра ноќ“.

Нина Бадриќ на својот 52 роденден ја објави новата песна наречена „Како си“ која можете да ја слушате на 105. 2 фм.

„Како си“ е уште една од 12-те песни од новиот албум на Нина со наслов #Onokad.

Продажбата на билетите ќе започне на 14-ти септември, а наскоро организаторите ќе излезат со дополнителни информации за места на продажба на билети.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара