Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Меморија ја сними песната „Мој народе“ пред концертот во Скопје

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“. Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар ...

Редакција на Буба Мара
17 септември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Меморија ја сними песната „Мој народе“ пред концертот во Скопје

Пред концертот на 16 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, „Меморија“ сними нова песна насловена „Мој народе“.

Музиката и текстот се на Ристо Самарџиев, а песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, кој заедно со Давор Јордановски се продуценти на песната. Извршен продуцент е Петар Георгиевски-Камиказа.

За концертот во ноември од „Меморија“ велат дека повторно ќе бидат отсвирени најголемите хитови, но и промовирани новите песни.

Ова е трет сингл на „Меморија“ во изминативе неколку месеци. Во јули ја промовираа рок баладата „За тебе“, посветена на сопругата на пејачот Апостол Икономов-Поце, која почина во мај, а пред тоа снимија преработки на патриотски песни со наслов „Македонски бисери“. За новата песна, од бендот велат дека е посветена на Македонија.

Во моментов песната е ХИТ на Радио Бубамара 105.2 фм.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара