Марта Хај блескаше на Златна Бубамара – соул-легендата со награда за животно дело
На 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, американската соул ѕвезда Марта Хај приреди незаборавен настап исполнет со емоција и енергија. Легендарната вокалистка, која 34 години му беше придружен глас на Џејмс Браун, допатува специјално од САД за да ја добие наградата Lifetime Achievement Award за својот придонес кон музиката ...
На 29. издание на „Златна Бубамара на популарноста“, американската соул ѕвезда Марта Хај приреди незаборавен настап исполнет со емоција и енергија.
Легендарната вокалистка, која 34 години му беше придружен глас на Џејмс Браун, допатува специјално од САД за да ја добие наградата Lifetime Achievement Award за својот придонес кон музиката и трајните вредности што ги создаде.

„Многу сум горда што ќе можам да ја однесам оваа награда назад дома во Америка. За да им покажам дека соул музиката е во срцата на луѓето низ целиот свет, а особено во Македонија“, рече Хај по приемот на наградата.

Настапот на Марта Хај, полн со силни вокални изведби и заразна енергија, ја разигра публиката и го претвори сценскиот момент во вистински светски музички спектакл, додека Златна Бубамара ја потврди својата репутација како еден од најзначајните настани во регионот.