Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Лара Иванова издаде музички проект со четири песни и четири спота

Поп-пејачката Лара Иванова објави серијал од четири песни и четири видеоспота. Иванова, која студира балетска педагодија, е авторка на овој проект и дел од авторскиот тим на песните. Песните кои се најдоа на првиот мини-албум на Иванова се „Само лага“, „Ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“. „Сите песни се поврзани со ...

Редакција на Буба Мара
6 август 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Лара Иванова издаде музички проект со четири песни и четири спота

Поп-пејачката Лара Иванова објави серијал од четири песни и четири видеоспота. Иванова, која студира балетска педагодија, е авторка на овој проект и дел од авторскиот тим на песните.

Песните кои се најдоа на првиот мини-албум на Иванова се „Само лага“, „Ризик“, „Токсин“ и „Таму горе“.

„Сите песни се поврзани со слична љубовна тематика, со силна емоција, но со различен ритам“, вели пејачката и додава дека ова е најголемиот предизвик кој досега го имала во музичката кариера.

Во тимот за видеопродукција работеа Били Д, Даниела Радевска, Милан Богдановски, Тоше Данев, Стефан Трпчевски, Филип Димитриевски и Дарко Ѓоргиев. Автори и продуценти на песните се Дарко Димитров, Роберт Билбилов, Лазар Цветковски, Панче Касапски и Робин Зимбаков.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара