Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Концертот на Калиопи во Хераклеа долго ќе се прераскажува!

Македонската поп-дива Калиопи по девет години пауза со незаборавен концерт остави трага во многувековната историја на археолошкиот локалитет Хераклеа. Битолската Хераклеа беше претесна и преполна. Претесна да ја собере публиката, а преполна со емоција која кај присутните може да ја разбуди само Калиопи. Концертот го започна со новиот, за многумина, ...

Редакција на Буба Мара
22 јули 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Концертот на Калиопи во Хераклеа долго ќе се прераскажува!

Македонската поп-дива Калиопи по девет години пауза со незаборавен концерт остави трага во многувековната историја на археолошкиот локалитет Хераклеа.

Битолската Хераклеа беше претесна и преполна. Претесна да ја собере публиката, а преполна со емоција која кај присутните може да ја разбуди само Калиопи.

Концертот го започна со новиот, за многумина, летен хит „Ела, ела“, а го заврши со легендарниот евергрин „Бато“.

Изненадување за публиката беше изведбата на „Главо луда“ од Чолиќ и „Македонија“ од Дадо Топиќ. А за сам крај таа ги остави култната „Бато“ и евровизискиот хит „Црно и бело“.

Следна концертна дестинација на Калиопи на 2 Август е Античкиот театар во Охрид, по што следува концертот во Скопје на 19 октомври.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара