Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Концерт на неверојатната Grace Jones на 6 јули во Скопје

Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња ќе има концерт во Скопје на 6 јули(сабота) на Стадион на АРМ во организација на „Авалон продукција“. Grace и нејзинoто tour party, сочинето од 30тина луѓе, пристигнуваат во Скопје во петок, на 5 јули. ...

Редакција на Буба Мара
2 јули 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Концерт на неверојатната Grace Jones на 6 јули во Скопје

Grace Jones, една од најреволуционерните и најзначајни музички и уметнички појави на светот на сите времиња ќе има концерт во Скопје на 6 јули(сабота) на Стадион на АРМ во организација на „Авалон продукција“.

Grace и нејзинoто tour party, сочинето од 30тина луѓе, пристигнуваат во Скопје во петок, на 5 јули.

Додека останатите заминуваат веднаш после концертот, Grace Jones oстанува во Скопје цели 3 дена, по што ја продолжува својата летна турнеја во Лондон.

На 6 јули ќе бидеме сведоци на сериозен визуелен и музички спектакл, приреден од страна на еден од најголемите “masters of stage” – Grace Jones!

Влезниците се во продажба онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара