Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев. Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ...

Редакција на Буба Мара
15 декември 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев

Националниот Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со длабока почит и тага ја информираме јавноста за одржување на Комеморативна седница во спомен на својот долгогодишен истакнат играорец и солист, Симеон Чулев**.**

Симеон Чулев беше нераскинлив дел од играорниот кор на „Танец“, оставајќи траен и неизбришлив белег во историјата на ансамблот и во македонската фолклорна уметност.

Комеморацијата ќе се одржи на:

  • Датум: Вторник, 16.12.2025 година
  • Време: 09:30 часот
  • Место: Просториите на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“

На комеморативната седница, сите соработници, пријатели, колеги ќе се потсетат на неговиот исклучителен уметнички придонес, посветеност и богата кариера во „Танец“.

Ве повикуваме да присуствувате и да оддадете последна почит на ликот и делото на Симеон Чулев

Посмртните останки ќе бидат изложени во капела Бутел од 11:30 до 12:30 часот, погребот ќе се оддржи на гробиштата Камник-населба Ченто.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара