Прескокни до содржина
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Сите новости· Музички вести

„Код 369“ заедно со Мила снимаа видео запис за „Конкретно“

Битолската група „Код 369“ годината ја започнаа со снимање на нов видео запис во соработка со младата и талентирана Мила од Србија, а под капата на Кроација рекордс. Се работи за темата „Конкретно“, по текст на Мила, музиката е на Даниел Митревски, а аранжманот на КОД. „Во Битола многу ми ...

Редакција на Буба Мара
25 јануари 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
„Код 369“ заедно со Мила снимаа видео запис за „Конкретно“

Битолската група „Код 369“ годината ја започнаа со снимање на нов видео запис во соработка со младата и талентирана Мила од Србија, а под капата на Кроација рекордс. Се работи за темата „Конкретно“, по текст на Мила, музиката е на Даниел Митревски, а аранжманот на КОД.

„Во Битола многу ми се допаѓа, се чувствувам добредојдено од првиот момент кога пристигнав. Овој град многу брзо ми прирасна за срце, а за тоа се најзаслужни моите колеги Ирена и Даниел од Код 369. Нашата соработка е некако меѓунардона и преку музиката ги спојуваме нашите држави: Македонија, Србија и Хрватска“, рече Мила.

Код 369 минатата година имаа повеќе концерти, а интензивното освојување на музичката сцена, не само во Македонија, туку и во регионот продолжува и оваа година. Формирани се во 2020 година. Потпишаниот договор со „Кроација рекордс“ им ги отвори вратите кон целиот регион.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Апликација