Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Каролина Гочева, Констракта и „Суперхикс“ ќе бидат дел од спектаклот на отворањето на „Битфест“

Каролина Гочева ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар. На истиот настан ќе настапат и српската кантавторка Констракта, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од ...

Редакција на Буба Мара
2 јули 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Каролина Гочева, Констракта и „Суперхикс“ ќе бидат дел од спектаклот на отворањето на „Битфест“

Каролина Гочева ќе биде дел од настанот „Ѕвездена симфонија“, што ќе се одржи на 3 јули од 19 часот на Градскиот стадион во Битола, а ќе настапи во придружба на Битолскиот камерен оркестар.

На истиот настан ќе настапат и српската кантавторка Констракта, „Суперхикс“, „Паркети“, „Брас брадрс“ и Лав Итоја од Нигерија. Оркестарот како гости ги најави дуото „Пиг и Дан“ од Шпанија, кое настапува на фестивали на електронска музика низ Европа и германскиот бенд „Шилер“, формиран во 1998. Со „Шилер“ ќе настапат македонските пејачки Агни Авшар и Наде Талевска.

Диригент е Владимир Димовски.

Настанот ќе го отвори традиционалниот Бит фест, а билетите се продаваат онлајн на yournextevent.info.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара