Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Каролина Гочева го објави новиот хит

Каролина Гочева премиерно го објави видео спотот за песната „Дај на сунце“ на нејзиниот YouTube канал, а песната е сега достапна и на сите стриминг платформи. Музиката и текстот на песната се на Дино Мухаремовиќ, аранжманот на Дино Сукало, а спотот е во режија на Миомир Милиќ. Станува збор за ...

Редакција на Буба Мара
19 декември 2023 г. · 1 мин читање
Сподели
Каролина Гочева го објави новиот хит

Каролина Гочева премиерно го објави видео спотот за песната „Дај на сунце“ на нејзиниот YouTube канал, а песната е сега достапна и на сите стриминг платформи.

Музиката и текстот на песната се на Дино Мухаремовиќ, аранжманот на Дино Сукало, а спотот е во режија на Миомир Милиќ. Станува збор за нова емотивна балада, за која е снимен спот во црно-бела верзија.

Помалку од еден час откако беше објавен спотот, веќе собра голем број прегледи и лајкови. Во коментарите се нижат голем број пофални зборови, упатени до нашата пејачка и нејзината најнова песна, како од Македонија така и од публиката во регионот.

Новата песна на Каролина Гочева неделава е хит на Радио Бубамара.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара