Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Калиопи Ве очекува во Битола, Охрид и Скопје!

Калиопи ќе одржи концерт во Охрид на 2 Aвгуст, во Античкиот театар од 21 часот. Претходно, таа со својот бенд ќе одржи уште еден концерт на отворено, на Хераклеја во Битола на 20 јули. Голем концерт во Скопје е најавен за 19 октомври во салата „Борис Трајковски“. На голема радост ...

Редакција на Буба Мара
16 јули 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Калиопи Ве очекува во Битола, Охрид и Скопје!

Калиопи ќе одржи концерт во Охрид на 2 Aвгуст, во Античкиот театар од 21 часот. Претходно, таа со својот бенд ќе одржи уште еден концерт на отворено, на Хераклеја во Битола на 20 јули. Голем концерт во Скопје е најавен за 19 октомври во салата „Борис Трајковски“.

На голема радост на публиката, македонската дива Калиопи, по подолга пауза на 29 мај го промовираше најновиот студиски албум – наречен „Албум“.

На овој албум, како и на претходните, автор е Ромео Грил, кој е задолжен за скоро сите хитови од почетокот на нејзината кариера.

„Албум“ е музички проект што е создаден по повод 40-годишната соработка помеѓу Калиопи и Ромео Грил.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара