Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Јован и Елвир со регионални и домашни ѕвезди на иста сцена

Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција. Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се ...

Редакција на Буба Мара
2 јуни 2026 г. · 1 мин читање
Сподели
Јован и Елвир со регионални и домашни ѕвезди на иста сцена

Двајцата музичари, кои одбележаа цела една ера на македонската сцена, на големо се подготвуваат за концертот кој ќе биде исполнет со хитови, носталгија, емоции и врвна продукција.

Јован и Елвир и претходно најавија неколку музички гости, а сега ги открија и нивните имиња – на сцената со нив ќе се појават и ПајакТони ЗенМаја СаздановскаАдријан Гаџа од Македонија, а од регионот Слаѓа Делибашиќ и Џус, но и специјален гостин изненадување (чие сценско име почнува на буквата В).

Концертот веќе предизвикува огромен интерес кај публиката , а билетите, кои се во продажба преку MKTickets, брзо се распродаваат и веќе се во ограничен број.

Концертот е замислен како „Сензација во бело“, а Јован и Елвир се надеваат дека публиката ќе го следи дрес-кодот на вечерта и ќе дојде облечена во бела гардероба за уникатна визуелна атмосфера.

Не го пропуштајте концертот на 6 јуни – настан на кој старите друштва ќе се сетат на времето кога излегувале во диско, родители кои со носталгија ќе ги пеат хитовите на Елвир и Јован со своите деца, тинејџери кои на ТикТок снимаат видеа со нивните песни. Ова е еден концерт за цела Македонија и за сите генерации.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара