Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

„Нема жена како тебе“ – нов сингл и видео на Јоце Панов

Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, придружена со емотивен видеоспот кој веќе го привлекува вниманието на публиката. „Нема жена како тебе“ е класична љубовна песна која говори за безусловна љубов, посветеност и благодарност кон жената што го менува животот. Со искрен и топол текст, песната ...

Редакција на Буба Мара
15 декември 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
„Нема жена како тебе“ – нов сингл и видео на Јоце Панов

Јоце Панов ја претстави својата најнова песна „Нема жена како тебе“, придружена со емотивен видеоспот кој веќе го привлекува вниманието на публиката.

„Нема жена како тебе“ е класична љубовна песна која говори за безусловна љубов, посветеност и благодарност кон жената што го менува животот. Со искрен и топол текст, песната ја доловува трансформацијата што љубовта ја носи, од хаос до мир, од зима до лето.

Музиката е дело на Бане Опачиќ, додека текстот е препев на Весна Малинова. Аранжманот, кој носи современ, но емотивно богат звук, е потпишан од Марко Цветковиќ, кој воедно учествува и како мултиинструменталист.

Уживајте во песната и видеоспотот!

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара