Прескокни до содржина
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Сите новости· Музички вести

Јелена Розга со нова моќна балада!

Прекрасната Јелена Розга, минатата недела ја претстави новата песна „Свето писмо“и видео записот за истата, на нејзиниот YouTubе канал. „Оваа песна е моќна и нè тера да размислуваме сите, и го наметнува прашањето што и самата си го поставувам, дали е љубовта навистина доволна за една врска да опстои и ...

Редакција на Буба Мара
1 февруари 2020 г. · 1 мин читање
Сподели

Прекрасната Јелена Розга, минатата недела ја претстави новата песна „Свето писмо“и видео записот за истата, на нејзиниот YouTubе канал.

„Оваа песна е моќна и нè тера да размислуваме сите, и го наметнува прашањето што и самата си го поставувам, дали е љубовта навистина доволна за една врска да опстои и да ги преживее сите несогласувања?“, изјави Јелена Розга.

Инаку, новата љубовна балада ја напишаа Тончи и Вјекослава Хуљиќ, а видеото е снимено во прекрасниот Дубровник, чии sидини и плоштади се самите посебно импресивни.

Видеото е режирано од долгогодишниот соработник на Јелена, Дарио Радусин.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Апликација