Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Хитовите на „Битлси“ со Националниот џез оркестар на Летната сцена „Славиша Кајевски“

Националниот џез на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ...

Редакција на Буба Мара
30 септември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Хитовите на „Битлси“ со Националниот џез оркестар на Летната сцена „Славиша Кајевски“

Националниот џез на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“ ќе настапи со концерт со хитови на Битлси, а веќе на 8 октомври на сцената на МНТ, ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип. 

Вонвременските хитови на легендарните Битлси, ќе прозвучат на сосема нов начин на концертот на Националниот џез оркестар, што ќе се одржи утревечер, на 1 октомври на Летната сцена „Славиша Кајевски“-МНТ со почеток во 21 часот. Нашите џезери ветуваат оригинална интерпретација и незаборавна вечер со композиции на ливерпулската четворка која ја смени рокенрол музичката историја.

Како солисти на концертот ќе ги слушнеме нашите истакнати музичари: Кирил Кузманов, Славко Георгиев, Трајче Велков, Виктор Филиповски,, Сашко Николовски и Гордан Спасовски под диригенство на маестро Џијан Емин.

Една недела подоцна, поточно на 8 октомври Националниот Џез оркестар со задоволство најавува и специјален концерт, со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје., кој ќе ги спои искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара