Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Гуру Харе ќе одржи лекција по блуз со концерт на 26 септември

Гитаристот Игор Атанасовски – Харе, кој со години го негува гитарскиот блуз звук на нашата сцена, го најавува својот нов концерт. На 26 септември, четврток, Гуру Харе ќе одржи концерт во култниот клуб „Маракана“. На програмата ќе има песни од неговиот албум „Овердоуз од блуз“, и блуз класици кои што го инспирирале да биде она што ...

Редакција на Буба Мара
16 септември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Гуру Харе ќе одржи лекција по блуз со концерт на 26 септември

Гитаристот Игор Атанасовски –  Харе, кој со години го негува гитарскиот блуз звук на нашата сцена, го најавува својот нов концерт.

На 26 септември**,** четврток, Гуру Харе ќе одржи концерт во култниот клуб **„**Маракана“.

 На програмата ќе има песни од неговиот албум „Овердоуз од блуз“, и блуз класици кои што го инспирирале да биде она што е денес.

„Концерт од срце и за душа. Нема употреба од вештачка интелигенција, само природна емоција.  Сѐ уште свириме на лампи!“, вели за концертот Харе.

Билетите за концертот ќе можете да ги најдете на влезот во клубот „Маракана“.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара