Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Фински радио-аматери ја уловија Радио Бубамара на ФМ

Радио-аматери од Финска викендов со радост ни пишаа дека минатата недела на 13 септември успеале да ја слушаат програмата на Радио Бубамара на 105.2 MHz. Радио хобистот (DX-слушател) Џим Солати во пораката објаснува дека секое лето е можно да се слушнат далечни FM радио станици, благодарение на спорадичните пропусти во ...

Редакција на Буба Мара
16 септември 2024 г. · 1 мин читање
Сподели
Фински радио-аматери ја уловија Радио Бубамара на ФМ

Радио-аматери од Финска викендов со радост ни пишаа дека минатата недела на 13 септември успеале да ја слушаат програмата на Радио Бубамара на 105.2 MHz.

Радио хобистот (DX-слушател) Џим Солати во пораката објаснува дека секое лето е можно да се слушнат далечни FM радио станици, благодарение на спорадичните пропусти во јоносферата.

-Јас користам антена од 14 елементи и минатата недела имаше убав сигнален пропуст помеѓу Финска и Јужна Европа! На 105.2 MHz, во 17.17 по македонско време, слушнав реклами и убаво идентификување на станицата Радио Буба Мара. Беше навистина интересно и многу посебно да го слушнам вашиот сигнал на FM. Ова никогаш не ми се случило порано – ни напиша Сполати во својата порака.

Во снимен аудиоклип што ни го испрати Сполати, ја слушнавме програмата на начинот на кој ја слушнале финските радио-аматери.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара