Прескокни до содржина
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Сите новости· Музички вести

Доаѓа 28. Златна буба мара на популарноста

Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети. Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен ...

Редакција на Буба Мара
5 февруари 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
Доаѓа 28. Златна буба мара на популарноста

Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во арената „Борис Трајковски“. Денес е пуштена во продажба – нова тура билети.

Под мотото „Вештачка интелигенција за владата – природна забава за народот“, омилената манифестација  со големо задоволство и употреба исклучиво на природна интелигенција и изворен талент, ќе се потруди да ја “апгрејтне” публиката со убавина, смеа и задоволства кои може да ни ги овозможат најпопуларните уметници и општонародни миленици.

Додека се подготвуваме да ги трошиме парите од најновиот унгарски кредит, Златна бубамара ќе ни овозможи да бидеме ЕМ РАСПОЛОЖЕНИ – ЕМ ЗАДОЛЖЕНИ!.

Со мали букви, како и во секое упатство, е напишано тоа што во овој момент најмногу не интересира – жирант за добрата забава е Радио Бубамара.

Секое издание во изминатите 27 години се памети и прераскажува со денови, а потоа и со години. Дека Златна бубамара е вистинска архива за нашата култура се уверуваме и деновиве при секое репостирање на „ѕвездените моменти“ од досегашните изданија на манифестацијата, на кои публиката со радост си спомува и ги коментира.

Од организацијата на Златната бубамара на популарноста најавуваат уште еден незаборавен спектакл – оваа година во траење од само 3 часа.

За тие што не знааат, се уште има шанси да дојдете до билети.

Пуштени се во он-лајн продажба на https://mktickets.mk/ или во традиционална продажба воо цвеќарницата „Розе Веро 2 – Тафталиџе.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба МараРадио · 105.2 FMБуба Мара
Апликација