Прескокни до содржина
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара
Сите новости · Музички вести

Александар Јовевски со маестрален и светски етно албум пред македонската публика!

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија. Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е ...

Редакција на Буба Мара
7 август 2025 г. · 1 мин читање
Сподели
Александар Јовевски со маестрален и светски етно албум пред македонската публика!

,,Од колено на колено” e нов музички етно проект (албум) на
Александар Јовевски на кој базата е македонскиот фолклор, традиција и
идентитет, и е проект од национален интерес за Македонија.

Во составот на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните
инструменти: кавал, тамбура, канон, женски вокали, и е збогатено со
клавијатури.

На носачот на звук ,,Од колено на колено” се застапени 4
обработки на стари македонски изворни песни како што се Бај Никола,
Изникнало криво крувче, Сношти го видов мамо мори убавото Стојне, Ајде
мала Стана болна лега, меѓутоа има и авторска музика, 6 авторски
композиции творени во духот на македонската традиција но со нов
музички израз и тоа : Tамбурски вез, Кавал гали, Игра на
инструментите, Длабочина, ЈовАнина и Александров танц.

Слушајте нѐ во живо
Главна програма · 105.2 FM
Буба Мара Радио · 105.2 FM Буба Мара